logo
logo
logo

По 26 играчи во репрезентациите за ЕП 2020

Vecer | 27.04.2021

По 26 играчи во репрезентациите за ЕП 2020

Националните тимови кои ќе учествуваат на Европското првенство во фудбал ова лето ќе имаат право да регистрираат по 26 фудбалери од проширените состави, наместо досегашните 23, пишува британскиот весник „Тајмс“. УЕФА наскоро ќе донесе одлука по ова прашање кое се наметна поради големото оптоварување на фудбалерите и згуснатиот распоред на натпревари оваа сезона поради пандемијата со коронавирусот. Се очекува ова да биде потврдено најдоцна до почетокот на идната недела.

ЕУРО 2021 година на кое за првпат ќе учествува и Македонија ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 градови – Санкт Петербург, Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Рим, Минхен и Севиља.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk