logo
logo
logo

По 23 години Диме Тасовски ги закачи патиките

Vecer | 21.05.2021

По 23 години Диме Тасовски ги закачи патиките

Диме Тасовски одлучи да стави крај на својата богата кариера. Некогашниот македонски репрезентативец ги закачи патиките, во пензија заминува како играч на Гостивар.

Тасовски зад себе има 23-годишна кошаркарска приказна која почна да ја пишува како играч на Жито Вардар во 1998 година.

40 годишниот кошаркар настапуваше за екипите на Вардар, Работнички, Фени Индустри, Карпош Соколи, Лирија, Струмица и Гостивар од домашните екипи. Тасовски играше и во странство, ги носеше дресовите на Трепча и Политехника.

Во македонското првенство освои пет титули, еден Куп пехар и еднаш беше победник во Супер Купот. Тасовски во својата колекција има и две МВП признанија.

Настапуваше во дресот на македонската репрезентација, беше во служба на својата земја и во периодот кога Македонија се бореше да излезе од дното.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk