logo
logo
logo

По 23 години чекање: Салернитана се враќа во Серија А!

Vecer | 10.05.2021

По 23 години чекање: Салернитана се враќа во Серија А!

Салернитана се врати во Серија А по пауза од 23 години, обезбедувајќи го второто место во поредок во Серија Б по победата од 3:0 на гостувањето кај Пескара. Претходно, Емполи ја освои потврди својата промоција во италијанската елита.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ќе мора да се повлече од Салернитана поради промоцијата на клубот во елитата, за да не дојде до конфликт на интереси. Од друга страна, амбициозниот тим на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, Монца, ќе мора да се задоволи со место во плеј-офот, од каде ќе бара прволигашки статус.

Лече, Венеција, Читадела, Бреша и Киево исто така се квалификуваа во плеј-офот за место во Серија А.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk