logo
logo
logo

По 20 порази, конечно, победа за Хјустон, ЛА Клиперс ја запреа Атланта

Vecer | 23.03.2021

По 20 порази, конечно, победа за Хјустон, ЛА Клиперс ја запреа Атланта

Хјустон конечно стигна до победа по 20 последователни порази, Синоќа на домашен терен „ракетите“ славеа над Торонто Репторс со 117-99. Оваа победа ја заврши најдолгата серија на порази за „Рокетс“ како франшиза.

Всушност, тие ја изедначија деветтата серија на порази во НБА. Рекордот го држи Филаделфија, која претрпе 28 последователни порази во сезоните 2014/15 и 2015/16. Кај Хјустон одличен меч имаше Тејт со 22 поени, додека кај екипата на Торонто повторно најзабележителен беше ВанФлит со 27 поени.

Важна победа оваа вечер остварија кошаркарите на ЛА Клиперс. Тие ја совладаа Атланта Хоукс со 119-110 и ја прекинаа низата од осум победи по ред на момците од Џорџија. Каваи Ленард ги предводеше домашните со 25 поени, додека кај Атланта Јанг со 28 пооени беше прв поентер.

Одлична партија имаше и Милвоки кој дојде до исклучително висока победа над Индијана од 140-113. Холидеј доминираше кај „бакс“ со 28 поени и 14 асистенции, додека Сабонис со 22 поени беше најдобар кај гостите.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Сакраменто 105-119

Минесота – Оклахома 103-112

Сан Антонио – Шарлот 97-100

Чикаго – Јута 95-120

Хјустон – Торонто 117-99

Мемфис – Бостон 132-126 (п)

Милвоки – Индијана 140-113

Ла Клиперс – Атланта 119-110

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk