logo
logo
logo

По 19 години Венеција се врати во Серија А!

Vecer | 27.05.2021

По 19 години Венеција се врати во Серија А!

Венеција е нов калчолигаш. Култниот клуб од северот на Италија избори промоција во најсилната лига по триумфот над Читадела во финалето на плеј-офот. На првиот меч на гостински терен Венеција победи со 1:0, а вечерва имаше проблеми со Читадела која водеше со 0:1 се до 93 минута. А тогаш Бокалон погоди за реми 1:1 и севкупна победа на четата предводена од Паоло Занети.

Инаку Венеција бил шампион на Италија во 1941 година. Во 2002 година кога последен пат испадна од Серија А, претрпе банкрот, голем број од играчите си заминаа, па клубот почна од „нула“.

Eве ги сега назад во елитното друштво!


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk