Денеска од 13 часот се игра 31.коло во ПМФЛ, поточно “Велигденското коло“. Сезоната полека но сигурно влегува во самиот свој финиш. Остануваат уште три кола до крајот, па нема веќе поправен, секој гол, секој бод и победа се екстра значајни во битката за Европа и во битката за опстанокот. Шкендија пред две кола стави крај околу тоа кој ќе биде новиот првак.

Денеска на Арената и на ФФМ во Скопје, ќе се одиграат два дерби меча со екипи од главниот град. Вардар го дочекува Работнички, а Шкупи пак се среќава со Македонија ЃП. Ако Работнички и Шкупи не се под притисок, тогаш овие бодови на Вардар и Македонија ЃП им се повеќе од потребни.

КРАТОВЦИ САКААТ ТРИ ОД ТРИ…

Во Кратово домашниот Силекс има убава шанса со победа над Борец да се најде на чекор до спас. Имено кратовци на последните шест меча имаат четири победи, во последните две кола славеа против А. Пандев и Беласица, и ако ако денеска триумфираат трет пат во серија, ќе имаат 38 бодови и веројатно се ќе биде готово за кратовци, во позитивна смисла. Своја шанса ќе си бара и Борец.

Пелистер ја дочекува А. Пандев. Тоа се две екипи кои оваа пролетна сезона играат добро, освојуваат бодови, нема тука фаворити. Можеби битолчани се во мала предност зошто може да си дозволат кикс и пак да не биде трагичен за нив. Ако пак струмичани загубат, а денеска победи слават Вардар и Ренова е тогаш ќе биде и тоа како лошо, ептен лошо за “пандевци“.

Втората струмичка екипа гостуват во Тетово кај домашната Ренова. Нема дилеми за “гипсарите“. Ако сакаат да избегнат директно испаѓање во Втора лига тогаш овој меч мора по секоја цена да го добијат.

И во Гостивар, екипата на Струга ТЛ оди по трите бодови на гости кај шампионот Шкендија. Само победа ги остава во игра стружани во битката за излез во Европа.

ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ПЕЛИСТЕР – А.ПАНДЕВ

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

СИЛЕКС – БОРЕЦ

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

sportmedia.mk