logo
logo
logo

ПМФЛ: Вардар во Велес си ја “крои“ судбината, Ренова во (не)возможна мисија кај “пандевци“

Vecer | 28.04.2021

ПМФЛ: Вардар во Велес си ја “крои“ судбината, Ренова во (не)возможна мисија кај “пандевци“

Денеска од 13 часот на програмата се сите шест мечеви од 30.коло во ПМФЛ. Откако Шкендија ја завери титулата, сега останува да се види кои од екипите до крајот на првенството ќе успеа да се спасат од најлошото. Има повеќе “кандидати“ за испаѓање, но во најлоша ситуација се Вардар и Ренова кои имаат по 31 бод.

Нашиот најтрофеен клуб гостува во Велес, ќе ги одмери силите со Борец, тим кој исто така не смее да загуби на денешениот меч, никако, со оглед на тоа дека има само два бода предност пред Вардар и Ренова.

Гипсарите“ и гостуваат на А. Пандев која пак исто така е во “бунарот“ со само три бода предност пред Вардар и Ренова. И таа исто како и Борец, не смее да си дозволи кикс денеска. Токму затоа Ренова е пред (не)возможна мисија во Струмица. Треба да се каже дека за “пандевци“ не игра нивниот најдобар фудбалер Марјан Радески поради суспензија.

КРАТОВЦИ ФАВОРИТИ ПРОТИВ БЕЛАСИЦА

Се чини дека од оние екипи кои се најзагрозени, најлесна задача, или најмалку сложена, има Силекс кој гостува кај Беласица. “Фенерџијата“ од коло во коло ги губи своите мотиви, а кратовци денеска со евентулна победа се на чекор да избегаат од зоната на директно испаѓање.

Силекс денеска објективно е фаворит против Беласица, но никогаш ништо однапред не се знае во фудбалот, посебно во мак – фудбалот.

Реално дерби на ова коло е Работнички – Шкендија, интересен дуел кој ќе се игра само за престиж, а тогаш се игра најквалитетно, најдобро. И двете екипи гаат офанзивен фудбал, се очекува да има доста голови.

Струга ТЛ го дочекува Шкупи со мотиви до небо, тие три бода се многу важни во битката за Европа. Шкупи пак со Седлоски на клупата посакува продолжување на победничката серија.

И во Ѓорче се среќаваат Македонија ЃП и Пелистер. “Лавовите“ со старо – новиот стратег Александар Таневски ќе се обидат да се вратат на победничкиот колосек против квалитетниот тим на Пелистер кој од коло во коло не престанува позитивно да изненадува.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – ВАРДАР

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

А.ПАНДЕВ – РЕНОВА


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk