logo
logo
logo

ПМФЛ: Уф, каков фудбал во Ѓорче и триумф на Шкендија (3:4), Стружани се радуваат а Вардар официјално второлигаш (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

ПМФЛ: Уф, каков фудбал во Ѓорче и триумф на Шкендија (3:4), Стружани се радуваат а Вардар официјално второлигаш (ВИДЕО)

Завршија сите мечеви од 32.коло во ПМФЛ. Фантастичен меч во Ѓорче, во која на крајот Шкендија со 4:3 успеа да ги расплаче “лавовите“. Иако Македонија ЃП ја одигра веројатно најдобрата партија сезонава, имаше шанси и за реми, па и за победа, сепак шампионот покажа зошто е шампион.

На 3:3 Алими во 91.минута донесе победа на Шкендија.

И официјално, и дефинитивно Вардар е второлигаш. Струга Трим Лум го победи Вардар со 1:0, со голот на Алтипармаковски од пенал, со ова стружани се во пол – позиција за тоа трето место кое води во Европа. Во пресрет на последното коло тие имаат два бода предност пред Македонија ЃП.

Одлична партија на Работнички протов Силекс. Кратовци водеа со 1:0, но потоа следуваше агресивна игра на „романтичарите“ и со три гола победија со резултат 3:1. Марио Станковски, Тодоровски и Ѓурѓевиќ ја донесоа победата.

Шкупи и Пелистер одиграа без голови, во натпревар со неколку шанси, но сепак реализацијата не бепе на ниво. Ова е петти меч за чаирчани под водство на Гоце Седлоски на кој тие не примаат гол.

Борец со головите на Мишов и баша успеа да ја победи Ренова и официјално да избори опстанок, велешани го избегнаа и баражот со овие три бода.

Академија Пандев рутинирано со 2:0 ја победи Беласица во соседското дерби, сепак “пандевци“ не се мирни, тие во последното коло ќе бегаат од баражот.

РЕЗУЛТАТИ – 32.КОЛО

БЕЛАСИЦА – А.ПАНДЕВ 0:2

(/Паноски 2., Крстовски (п) 14.)

БОРЕЦ – РЕНОВА 2:0

(Мишов 31., Баша 92./)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 3:4

(Фазли 32., Робсон (п) 35., Божиновски 85./Ибраими 2., 16, Елези 51., 90+1.)

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 3:1

(М. Станковски 22., Тодоровски 68., Ѓурѓевиќ 70./Штерев 10.)

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0:0

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 1:0

(Алтипармаковски (п) 67./)

 

ВИДЕО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

БОРЕЦ – РЕНОВА


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk