logo
logo
logo

ПМФЛ: Силекс против “Пандевци“ мора, ама баш мора да победи!

Vecer | 24.04.2021

ПМФЛ: Силекс против “Пандевци“ мора, ама баш мора да победи!

Денеска од 13 часот во Кратово, екипата на Силекс на отворањето на 29.коло ја дочекува Академија Пандев. Тоа се двете екипи кои на 19 мај ќе играат во финалето во Купот на Македонија, но дотогаш и двете екипи мора прво да мислат на првенството, каде и двете екипи, а посебно Силекс, се во незавидна положба. Имено кратовци во пресрет на последните пет кола имаат 29 бодови, еден повеќе од претпоследниот Вардар, и ако не сакаат уште повеќе својата ситуација да ја влошат денеска ќе мораат, ама баш ќе мораат да победат. Во спротивно лошо ќе биде за четата на стратегот Горан Симов.

Јасно е дека и на струмичани им “гори“, но сепак тие имаат 34 бодови, па така нивен приоритет е да го избегнат баражот за опстанок во Лигата.

Стратегот на гостите Александар Васоски не ќе може да смета на Никола Серафимов и тоа поради картони, еден од клучните играчи во дефанзивата, ќе го нема и Димов кој одамна е повреден, па така обраната на “Пандевци“ ќе мода се “крпи“ што се вели.

Кога сме кај традицијата овие две екипи досега одиграле 14 натшревари. На седум победил Силекс, шест триумфи има А. Пандев а само еднаш било нерешено.Сепак треба да се каже дека на последните три меча струмичани имаат дури три победи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk