logo
logo
logo

ПМФЛ: Силекс немаше милост, го бутна Вардар кон зоната на испаѓање, лидерот ја “среди“ Ренова,стоп за “пандевци“ (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2021

ПМФЛ: Силекс немаше милост, го бутна Вардар кон зоната на испаѓање, лидерот ја “среди“ Ренова,стоп за “пандевци“ (ВИДЕО)

Какво кошмарно попладне за Вардар во Кратово. Во еден од најважните мечеви за вардарци, тие загубија од Силекс со 6:0. А реално според шансите, требаше да биде барем 10:2 за кратовци. Кратовци не знаеја за доста, немаа милост и со головите на Ристов (три) и Горгиев (три), заслужено победија и го турнаа Вардар сега во зоната на испаѓање. Два хет – трика за големи три бода. Гостите можат да бидат задоволни дури и со тие 0:6, тој пораз можеше да биде двоцифрен.

Ова е најубедливиот триумф на Силекс над Вардар во историјата.

Македонија ЃП им се врати на победите. Освоени се големи три бода во Струмица со 2:0, бодови важни за тоа трето место на табелата. Робсон и Чарлестон стрелаа за победа на „лавовите“.

Шкендија ја среди Ренова и тоа со 3:0. Шампионски настап и победа на Шкендија. Ибраими, Игор и Елези беа стрелците за лидерот и веројатно новиот шампион.

Јасмин Мециновиќ и донесе победа и големи три бода на Струга ТЛ во Велес, додека Шкупи со голот на Диак ја стопираше победничката серија на “пандевци“. Струмичани имаа шанса за реми, но Радески не успеа да го совлада Наумовски од белата точка, голманот на гостите му го одбрани ударот на репрезентативецот.

РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО

СИЛЕКС – ВАРДАР 6:0

(Ристов 3., 19., 53., Горгиев 62., 72., 83/)

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 0:1

(/Мециновиќ 44.)

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2

(/Робсон 44., Чарлестон 84.)

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0:3

(/Б. Ибраими 51., Игор 75., Елези 90.)

А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 0:1

(/Диак 79.)

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3:1

(М. Станковски 22., Ѓурѓевиќ 36., Јевтоски 65./Кочоски 90.)

ТАБЕЛА:

СИТЕ ГОЛОВИ ОД СИЛЕКС – ВАРДАР 6:0

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 0:1


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk