logo
logo
logo

ПМФЛ: Сензација на ФФМ, Вардар – Ренова 1:1, супер – пресврт на Пелистер, силна Шкендија, Струга ТЛ оштетена за пенал(и)! (ВИДЕО)

Vecer | 14.04.2021

ПМФЛ: Сензација на ФФМ, Вардар – Ренова 1:1, супер – пресврт на Пелистер, силна Шкендија, Струга ТЛ оштетена за пенал(и)! (ВИДЕО)

Завршија сите шест меча од 27.коло во ПМФЛ. Супер – сензација на ФФМ каде “фенерџијата“ Беласица на гости со 1:0 го победи Шкупи. Стрелец на голот беше Бењамин Демир, Гостите од контри беа опасни, создадоа барем 3-4 зицери, но домашниот голман Наумовски го спасуваше Шкупи. Ивановски, Гуџуфи, Каланоски можеа да го дотолчат вториот тим на табелата на кого и дефинитивно на ФФМ не му оди никако. Треба да се каже дека во еден момент Пеев од гол – линијата ја спаси победата на Беласица.

Струга ТЛ – Работнички 1:1, сепак веднаш да кажеме дека домашните барем еднаш беа оштетени за пенал. Посебно во финишот кога Кировски играше со рака, но тоа судијата Гоцевски не го виде, во право беа домашните кога реагираа. Претходно и Тодоровски стартуваше врз Алтипапармаковски, но и тогаш немаше пенал за домашните. Работнички се извлече на овој меч и тоа благодарение на израмнувачкиот гол на Марио Станковски.Претходно Миленковски донесе водство за Струга Трим Лум.

Само по бод за Вардар и Ренова во битката за опстанок. Се чини дека Вардар може да жали по останатите два бода зошто имаше зицер во финишот. Јашароски му донесе водство на Ренова, а Мирчевски израмни со гол за Вардар.

Шкендија лета кон титулата, и петта победа во серија за идниот шампион. Бесарт Ибраими беше стрелецот на победничкиот гол за лидерот против Академиа Пандев која мечот го заврши со играч помалку по црвениот картон на Серафимов.

Македонија ЃП рутинирано со 2:1 славеше против Борец, и тоа благодарение на двата гола на Самир Фазли.
Каков превсрт на Пелистер, херојски. Прво Силекс поведе со 2:0 со головите на Горгиев. За да потоа Драгарски, Илијовски и Нето донесоа големи три бода за битолчани.

РЕЗУЛТАТИ – 27.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 2:1

(Фазли 45+2.. 66./Мишов 84.)

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 3:2

(Драгарски 24., Р. Илијовски 30., Нето 72./Горгиев 3., 19.)

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ 1:0

(Ибраими 53./)

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА 0:1

(/Демир 11.)

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Миленковски 33./М. Станковски 58.)

ВАРДАР – РЕНОВА 1:1

(Мирчевски 40./Јашаровски 15.)

ВИДЕА:

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

ВАРДАР – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk