logo
logo
logo

ПМФЛ: Реми на Арената, лидерот победи, Седлоски со триумф на дебито, Васоски го “прати“ Вардар кон втора лига.... (ВИДЕО)

Vecer | 18.04.2021

ПМФЛ: Реми на Арената, лидерот победи, Седлоски со триумф на дебито, Васоски го “прати“ Вардар кон втора лига.... (ВИДЕО)

Завршија петте средби од 28.коло во ПМФЛ поопладнево. Спектакл во првиот дел меѓу Работнички и Македонија ЃП и 2:2, супер голови на Робсон и Фернандо, возвратија браќата Станковски. Во продолжение нервозна, тензична игра на двете страни и црвен картон за домашниот фудбалер Максимов. Со ова реми Работнички се чини ги загуби сите шанси за излез во Европа.

Победничко деби на Гоце Седлоски како тренер на Шкупи. Чаирчани во текот на целиот меч беа подобри, имаа одлични шанси, но фури во финишот Нето погоди за победа.

Академија Пандев одигра колку што требаше, успеа да го победи Вардар со 3:0 и да освои три златни бода во битката за опстанок. Дали Васоски со ова го прати “својот“ Вардар кон Втора лига? Допрва ќе видиме.

Шкендија иако ја победи Беласица со 3:0, сепак ќе почека на заверка на титулата. Ова беше шеста победа на лидерот во серија.

Одлично издание на Струга ТЛ, уверлива победа со 3:0 против лутиот ривал Пелистер. Стружани се уште се во игра за Европа, сега се на -4 бода во однос на Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ – 28.КОЛО

А. ПАНДЕВ – ВАРДАР 3:0

(Радески (п) 14., Крстовски 28., Стоилов 35./)

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0:3

(/Хебај 26., Нафиу 41., Ќака 53.)

БОРЕЦ – ШКУПИ 0:1

(/Нето 79.)

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:2

(Л. Станковски 10., М. Станковски 30./Робсон7., Фернандо 17.)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 3:0

(Скендери 57., Алтипармаковски 82., Таири (п) 86/)

ВЧЕРА:

РЕНОВА – СИЛЕКС 2:1

(Шефити 12., Јусуфи 38./Галевски 90.)

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:2

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР 3:0

БОРЕЦ – ШКУПИ 0:1

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0:3

СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР 3:0

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk