logo
logo
logo

ПМФЛ: Работнички сака “два од два“, Силекс ќе оди по први пролетни бодови...

Vecer | 27.02.2021

ПМФЛ: Работнички сака “два од два“, Силекс ќе оди по први пролетни бодови...

Попладнево на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 14 часот екипите на Работнички и Силекс ќе го “отворат“ 20.коло во ПМФЛ. Од сите шест средби, само оваа се игра денеска, останатите утре.

Работнички по онаа победа на стартот пролетва во Струмица над Академија Пандев секако дека посакува и втор триумф. И има право на таква надеж, зошто “романтичарите“ покажаа дека се во форма и дека имаат одличен тим, кој денеска ќе биде ослабен со неиграњето на повредениот Драган Стојков. Работнички се уште се надева дека со добра серија ќе може, барем ако не друго, да го загрози тоа трето место на Македонија ЃП кое води во Европа. И за тоа потребни се денешните бодови.

Силекс пак загуби од Шкендија, иако играше добро сепак кратовци имаат и тоа какви проблеми во одбраната, посебно при прекините. Силекс важи за тим против кого тешко се игра, квалитетен е тоа состав, и затоа со право кратовци сакаат да вратат нешто од “загубените“ бодови против Шкендија.

Кога станува збор за традицијата меѓу овие две екипи, таа е на страната на Работнички. Досега одиграле вкупно 66 официјални мечеви, скопскиот тим има 34 победи, 13 пати се играло без победник а кратовци пак имаат 19 триумфи. Гол разликата е 107:65 во корист на Работнички.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk