logo
logo
logo

ПМФЛ: Работнички против хитот на пролетниот дел...

Vecer | 10.04.2021

ПМФЛ: Работнички против хитот на пролетниот дел...

Денеска од 13 часот, во рамките на 26.коло во ПМФЛ, Работнички и Пелистер ќе го одмерат силите на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Утре се играат сите останати мечеви од ова коло во нашата елитна лига.

И Работнички и Пелистер во овој меч влегуваат со победнички ритам. “Романтичарите“ минатиот викенд дома го победија Борец, а Пелистер пак славеше во вечното дерби против Вардар. И двете екипи се во добра форма, посебно ова се однесува на битолските “зелени“ кои се пролет хит во ПМФЛ. Имаат четири победи, две ремија и само еден пораз, и тоа од Шкендија во Тетово.

Затоа очекуваме добар, тврд натпревар, неизвесен  во секој случај. Работнички со трите бод и натаму се уште е во „игра“ за тоа трето место кое води во Европа, додека Пелистер сака што побргу да стави печат на опстанокот во лигата.

Традицијата е на страната на Работнички, досега овие две екипи одиграле 56 официјални мечеви, 28 пати победи Работнички, 13 завршиле без победник а Пелистер има само 15 триумфи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk