logo
logo
logo

ПМФЛ: Кој во Европа, кој во баражот? Вардар се простува од елитата!

Vecer | 16.05.2021

ПМФЛ: Кој во Европа, кој во баражот? Вардар се простува од елитата!

Денеска се спушта завесата на сезоната 2020/2021 во ПМФЛ. На програмата од 16 часот се сите мечеви од 33.последно коло.

Одамна е познато дека Шкендија е новиот првак и ќе игра во квалификациите во ЛШ, додека Шкупи е втор и ќе ја претставува Македонија во Конференциската Лига на УЕФА.

Беласица и Вардар се веќе второлигаши, тоа значи дека денеска против Македонија ЃП, нашиот најтрофеен клуб ќе се прости од елитата.

 

СТРУГА ТЛ ИЛИ МАКЕДОНИЈА ЃП?

Во битката за тоа трето место кое води во Европа сите погледи ќе бидат насочени кон Кратово и Арената во Скопје. Струга ТЛ му гостува на Силекс и има два бода повеќе од “лавовите“. Па така со победа екипата од Струга и дефинитивно ќе биде трета и ќе игра во Европа.  Се очекува на Арената сигурна победа на Македонија ЃП против Вардар, но тое нема да им биде доволно на “лавовите“, тие мора да чекаат кикс на Струга ТЛ.

РЕНОВА И СИЛЕКС СО ЕДНА НОГА ВО БАРАЖОТ

Што се однесува до баражот за опстанок тука Академија Пандев сама си решава судбината. Со победа или реми дома над Борец и дефинитивно ќе го избегне баражот. Во случај на пораз на “пандевци“, е тогаш Ренова со победа над Работнички и Силекс со победа над Струга ТЛ би ја прескокнале  А. Пандев. Значи има многу комбинации, но сепак веројатноста А. Пандев да загуби дома од Борец е многу мала. Во случај на ист број бодови, А. Пандев е со подобар скор од Силекс, но со послаб од Ренова.

Само два меча ништо не решаваат, а тоа е дербито меѓу Шкендија и Шкупи, како и дуелот во Битола каде Пелистер ја дочекува Беласица.

Да кажаме дека во среда се игра финалето во Купот на Македонија во кое се среќаваат А. Пандев и Силекс.

Значи по некоја неверојатна математика може да се случи двете екипи финалисти во Купот во следната сезона да играат во Втората лига.

ДВОЈКИ ЗА 33.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА

А.ПАНДЕВ – БОРЕЦ

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk