logo
logo
logo

ПМФЛ: Големи, големи три бода за “пандевци“ среде Ѓорче (ВИДЕО)

Vecer | 03.04.2021

ПМФЛ: Големи, големи три бода за “пандевци“ среде Ѓорче (ВИДЕО)

Голема, златна победа на Академија Пандев среде Ѓорче со 2:1 против домашниот состав на Македонија ЃП. Гостите своето си го сторија своето во првиот дел, кога постигнаа два гола и тоа преку извонредниот Марио Крстовски.

Во вториот дел Македонија ЃП само успеа да намали на 2:1 со голот на Фазли.

Ова беше добар меч, ритамот беше солиден, имаше повеќе шанси и три гола. Секако, заслужена победа на струмичани кои и дефинитивно бегаат од опасната зона.

А мечот почна со канонада од атаци кон домашниот гол од страна на гостите од Струмица. Се виде дека “лавовите“ немаа против – игра, секоја акција мирисаше на гол. А голот дојде во 6.минута кога по нафрлената топка од корнер на Велиновски, Крстовски со шут со глава ја смести во мрежата. Дваесет минути подоцна Крстовски исто со глава, сега по центаршутот на Мартинага, стрелаше за 2:0. Дури потоа “лавовите“ се разбудија, тргнаа во напад. А тоа резултираше со шансите на Божиновски, потоа на Робсон, па Коџо, но Јовановски секогаш беше присебен или топката одеше покрај неговиот гол. Интересно, Крстовски во 23.минута имаше шанса и за трет гол. Треба да се каже дека домашниот тренер Жикица Тасевски во 30.минута направи двојна замена. Тоа кажува многу.

ФАЗЛИ “ТРЕСЕ“ ЗА 1:2…

Во продолжение Македонија ЃП стави се на една карта – напад. Робсон оново испрати “бомба“, а Јовановски едвај одбрани во таа 50.минута.Ова не ги поколеба домашните, тие и натаму форсираа напад, а сето тоа резултираше со намалување на 1:2 и тоа во копродукција на тие што влегоа, Ајрулаху и Фазли. Првиот ценетрираше од лево во петерецот на “пандевци“, а вториот убаво се и од непосредна близина со нога го совлада немоќниот Јовановски.

Македонија ЃП продолжи со нападите, евидентно е дека сакаше израмнување, но “пандевци“ од контри си ја гледаа својата шанса.

А Робсон во 82.минута уште еднаш опасно се закани, сантиметри недостигаа од гол и израмнување на резултатот.

Но ништо од тоа, останаа тие 1:2 и победа за Академија Пандев.

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 1:2 (0:2)

Стадион во Ѓорче. Гледачи: /. Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци). Стрелци: Фазли 61. (МАК), Крстовски 6., 26. (А.ПАН). Ж. Картони: Китановски, Петров (МАК), Стоилов, Ферати (А.ПАН).

Играч на натпреварот: Марио Крстовски (МАК).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Серафимов, Китановски, Личина, Божиновски, Филиповски (76. М. Настевски), Чарлестон, Коџо (46. Фазли), Воша (30. Ајрулаху), Фернандо, Алексовски (30. Петров), Робсон.

А.ПАНДЕВ: Јовановски, Јованов, Илиев, Тезриев, Стоилов, Велиновски (87. Пандев), Радески, Крстовски (77. Димоски), Томовски (72. Ферати), Серафимов, Мартинага.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cyF9_1G9RFs[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=zjNT47FKEvY[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=PN-Z3Kow4bI[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk