logo
logo
logo

ПМФЛ: Битка за Тетово, битка за Скопје, битка за Струмица за крај на вториот круг

Vecer | 07.03.2021

ПМФЛ: Битка за Тетово, битка за Скопје, битка за Струмица за крај на вториот круг

Денеска со мечевите од 22.коло завршува вториот круг од тековната сезона. Следува третиот или “бергеров“ круг во кој ќе се одиграат уште 11 кола до крајот. Но за тоа, потоа.

Во ова денешно коло пред нас се три градски битки, нешто што ретко се случува во ПМФЛ.

Под Шара лидерот Шкендија ја дочекува Ренова која по триумфот над Вардар секако дека ќе го сака и “скалпот“ на Шкендија. Со оглед на тоа дека Шкендија не е во најдобра форма, “гипсарите“ би можеле да направат изненадување. Тоа во минатото во неколку наврати го правеле, кога најмалку се очекувало.

Иако традицијата е на страната на Шкендија, Ренова на овој меч има и тоа како добри шанса да победи.

Во Скопје, на ФФМ се среќаваат Шкупи и Работнички, додека во Струмица битка ќе се води меѓу Беласица и А. Пандев. Тоа е битка која никој не смее да ја загуби. Беласица вчера се засили со нов тренер, славниот Русин Андреј Чернишов, но тој денеска само ќе го следи мечот, од утре почнува со работа.

Јасно е дека фаворит е А. Пандев, Васоски конечно почна со победи, па ако сака што побргу да го извлече својот несомнено квалитетен тим од опасната зона, оваа средба мора да се добие. Овие мечеви, кога играат Беласица и А. Пандев најчесто се “набиени“ со тензија, нервоза, веројатно така ќе биде и денеска со оглед на важноста на бодовите.

Вардар ја пречекува Струга Трим Лум со надеж дека ќе може да дојде најмалку до бод, а во Битола забревтаниот Пелистер му е домаќин на Борец, тим кој постојано изненадува.

И тука ќе има голема борба.

Да кажеме дека вчера, на отварањето на 22.коло, Македонија ЃП со 1:0 го победи Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

БЕЛАСИЦА – А.ПАНДЕВ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1:0

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk