logo
logo
logo

Платата која ја бара Алаба, ќе го натера Челзи да се откаже од преговори со него

Vecer | 09.02.2021

Платата која ја бара Алаба, ќе го натера Челзи да се откаже од преговори со него

Потенцијалниот трансфер на дефанзивецот Давид Алаба во Челзи е пред пропаѓање, јавуваат англиските медиуми.

Ова се должи на фактот дека играчот нема намера да ги намали своите високи барања за износот на платата која смета дека треба да ја добие со трансферот во новиот клуб. Австриецот сака неделна плата од најмалку 400.000 фунти. Како што наведува ЕСПН, агентот на Алаба им кажал на преставниците на Челзи дека ако сакаат да преговараат со неговиот клиент, ова е најнискиот праг за влез во преговори со Алаба.

Со оглед на тоа што наводно Реал (М) се согласил на ваков договор, „кралскиот клуб“ сега е прв фаворит во битката за потписот на фудбалерот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk