logo
logo
logo

Планот е готов: Брегалница летните подготовки ќе ги одработи во Пехчево и Банско!

Vecer | 24.05.2021

Планот е готов: Брегалница летните подготовки ќе ги одработи во Пехчево и Банско!

 

Иако веќе неколку денови фудбалерите и стручниот штаб на повратникот во ПМФЛ, тимот на Брегалница, се на одмор, тоа не важи за раководството на клубот. Првите луѓе на клубот сега се во “погон“, имено составот треба и тоа како да се засили, да се освежи со нови имиња.

За тоа за СПОРТМЕДИА  говори првиот човек на штипските “сини“, Кире Гогов.

“Па, не би можел сега да кажам дефинитивно кој ќе дојде кај нас, со кого ќе потпишеме. Сите сме свесни дека потребни се засилувања, сепак елитата е нешто друго, а ние немаме намера да играме епизодна улога. Разговараме, преговараме, со некои играчи сме речиси при крај, но сеуште е рано за да кажам дека е готово. Ќе има и странски засилувања. Знам дека јавноста е нестрплива, посебно штипјани, за тоа со кој се ќе се засилиме, но ајде да почекаме уште некој ден“ потенцира Гогов.

Според неговите зборови, изготвен е планот за тоа каде и како ќе се одвиваат летните подготовки.

„Веќе објавивте дека играчите ќе бидат на одмор некаде до 20 јуни. Потоа се собираме, а дел од подготовките ќе се одвиваат во Пехчево, каде ќе имаме извонредни услови за работа. Главната фаза од подготовките планирано е да се одвива во Банско, но затоа допрва треба да видиме како со протоколите во однос на Ковид-19. Во секој случај екипата ќе има добри услови за летни подготовки, се со цел да што подобро да се претстави во ПМФЛ претстојната сезона“ заврши првиот човек на Брегалница.

 

ФОТО: ФБ на Брегалница


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk