logo
logo
logo

ПЛ: Моќен е овој Манчестер…ама Сити, голеада на „Емирејтс“! (ВИДЕО)

Vecer | 13.08.2022

ПЛ: Моќен е овој Манчестер…ама Сити, голеада на „Емирејтс“! (ВИДЕО)

Се одиграа пет мечеви од 2.коло во Премиерлигата денеска во попладневниот термин. Секако дека во преден план беше мечот меѓу Манчестер Сити и Борнмут, кој го добија „граѓаните“ со 4:0. Нема што, моќен е овој Манчестер ама Сити. Интересно, четири голови, но ниту еден на Ерлинг Халанд.

Гундоган, Де Брујне, Фоден и автогол на Лерма за висок и убедлив триумф на тимот на Пеп, втор на вториот сезонски меч.

Арсенал и Лестер одиграа 4:2, вистинска голеада на „Емирејтс“ во Лондон. И за Арсенал ова е втора победа сезонава во вториот меч.

Жезус двапати стрелаше, имаше и една асистенција, додека Џака и Мартинели беа стрелците за победничкиот тим. За Лестер головите ги постигнаа Салиба автогол и Медисон.

Брајтон и Њукасл одиграа без голови, исто како и Вулверхемптон и Фулам, додека Саутемптон и Лидс ги поделија бодовите со резултат 2:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk