logo
logo
logo

Пјаниќ подготвен да си замине, прашање е дали ќе се врати во Италија?

Vecer | 06.05.2021

Пјаниќ подготвен да си замине, прашање е дали ќе се врати во Италија?

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ (31) дефинитивно сака да си замине од „Камп Ноу“ ова лето. Тој не успеа да избори статус на сигурен првотимец во составот на Куман, па во потрага по поголема минутажа ги очекува понудите од другите клубови.

Според каталонскиот весник Спорт, два клуба го сакаат Пјаниќ, а тоа се Интер и Челзи. Новиот италијански шампион Интер сака дополнително да го засили тимот за следната сезона во која ќе има огромен предизвик да го одбрани Скудетото, а Антонио Конте смета дека играчот за врска на Барселона е идеално засилување за неговиот тим.

Исто така, Томас Тухел би сакал да го види Пјаниќ во Челзи. Тој би му го донел потребното искуство на младиот тим, па соработниците на германскиот стратег веќе контактираат со Барселона по ова прашање.

Последниот натпревар кој Пјаниќ го одигра за Барселона беше во март против ПСЖ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk