Хрватски тенисер Горан Иванишевиќ се отвори

Пит Самрас ми го уништи животот

Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, имаше одлична кариера, која можеби ќе беше и многу поголема и во која ќе осовеше многу повеќе титули доколку во исто време со него не играше и Американецот Пит Сампрас, кој освои 14 грен слем титули

Хрватот загуби 12 пати во 18-те меѓусебни пресметки со Американецот, а голем дел од овие порази дојдоа во завршницата на големите турнири.

-Сампрас ми го уништи животот. Го сакам Пит, тој е голем шампион и одличен човек. Но загубив многу финалиња и полифиналиња од него. Го мразам од спортска перспектива. Неговиот борбен дух и менталитет беа клуч на неговиот успех, изјави Иванишевиќ.

Врвот на неговата кариера беше освојувањето на грен слем турнирот Вимблдон во 2001 година, а тој смета дека ова е најдобриот момент во неговата кариера, бидејќи претходно три пати губел во финалето на неофицијалното светско првенство во тенис.

Но, по победата над Патрик Рафтер во големото финале на Вимблдон, почнале здравствените проблеми за Иванишевиќ. Тој вели дека фактот што станал татко го спасил од депресија и му дал цел во животот.

-Бев на операција на рамото во 2002 година, но ме болеше и откако се вратив на терените па одлучив да се пензионирам. Имав 32 години и се чувствував изгубено. Не знаев што да правам во животот. Повеќе го немаше стресот на кој се навикнав. Среќа ми се роди ќерка во 2003 година и татковството ме спаси, откри најдобриот хрватски тенисер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари