logo
logo
logo

Писмо на Роналдо до Нејмар: Ја слават твојата повреда? Ќе се вратиш посилен!

Vecer | 28.11.2022

Писмо на Роналдо до Нејмар: Ја слават твојата повреда? Ќе се вратиш посилен!

Роналдо, еден од најдобрите бразилски и светски напаѓачи на сите времиња, се огласи по повредата на Нејмар.

Поранешниот ас на Реал, Интер и Барселона испрати отворено писмо до Нејмар, кој поради повреда на скочниот зглоб ќе мора да го пропушти остатокот од групната фаза од натпреварувањето.

Писмото го започнал со зборовите „Ти си супер, Нејмар! Џин!“, пред да продолжи:

„Сигурен сум дека повеќето Бразилци, како мене, ти се восхитуваат и те сакаат. Твојот талент, инаку, те однесе толку далеку, толку високо, што имаш љубов и восхит на секој агол на планетата. И поради таа причина, поради тоа за да стигнеш таму каде што си, поради успехот што си го постигнал, треба да се справиш со толку многу завист и зло“.

„На ниво да се слави повредата на ѕвезда како тебе, со приказна како твојата. До каде сме стигнале? Каков свет е ова? Каква порака испраќаме до младите? Секогаш ќе има луѓе кои навиваат против тоа, но тажно е да се гледа општеството на патот на банализирање на нетолеранцијата, нормализирање на говорот на омразата“.

„Против ова вербално насилство со разорна сила пишувам денес: Врати се посилен! Попаметен! Гладен за голови! Доброто што го правиш на теренот и надвор од него е многу поголемо од зависта кон тебе“.

„Не заборавај за момент на патувањето кое те направи светски фудбалски идол. Бразил те сака! На вистинските навивачи им требаат твоите голови, дриблинзи, смелост и радост! Не величај кукавици и завидливи луѓе. Прославувај ја љубовта што доаѓа од мнозинството од твојата земја. Ќе се вратиш и целата омраза ќе се претвори во гориво“, заклучи Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronaldo (@ronaldo)

Фото: ЕФА L. GILLIERON

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk