logo
logo
logo

Пирло: Знам дека играчите имаат доверба во мене

Vecer | 06.04.2021

Пирло: Знам дека играчите имаат доверба во мене

Андреа Пирло е под голем притисок. Италијанската јавност бара негова смена по лошиата серија резултати на Јувентус со него како тренер. Цели осум месеци откако застана на чело на тимот Пирло и натаму не убеди многумина дека е вистинскиот човек за ова место и дека е долгорочно решение.

Тој на денешната прес конференција пред утрешниот меч со Наполи, а кој се игра во рамките од Серија А рече дека ова е важен меч за сите и дека очекува победа.

„Утре е ваѓен меч затоа што Наполи сака да ја продолжи добрата низа на резултати. Ние секако дека го имаме истиот план, сакаме бодови и победа“ – изјави Пирло па додаде.

„Цело време сум во контакт со играчи. И пред и за време и по тренинзите. Разговараме, и знам, чувствувам дека имаат доверба во мене, веруваат во мене“ – вели Пирло па се осврна и на Дејан Кулушевски кој погреши при примениот гол против Торино.

„Такви грешки се случуваат и тоа е нормално. Тој има само 20 години и сите веруваме во него, има потполна подршка за се што прави“ – констатира стратегот на Јуве.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk