logo
logo
logo

Пирло шокиран од потегот на Роналдо: Ова беше грешка која ретко се гледа

Vecer | 10.03.2021

Пирло шокиран од потегот на Роналдо: Ова беше грешка која ретко се гледа

Јувентус во драматична завршница по продолжение беше елиминиран од Лигата на шампионите од Порто. Италијанскиот тим во 90. минута го надокнати негативата од 1-2 од Португалија, но двата тима во дополнителните 30. минути постигнаа по еден гол, а Порто помина понатаму поради погодокот повеќе на гости.

„Кога ќе направите четири големи грешки во два меча, најчесто ќе бидете елиминирани од натпреварувањето. Сигурно ќе ни требаат неколку дена за да дојдеме на себе. Мораме што побрзо да сфатиме дека мора да ја спасиме сезона во италијанското првенство. Добро го отворивме мечот, но направивме грешка и примивме гол од слободен удар, токму тој погодок го промени натпреварот“, изјави Пирло на кого му прети отказ поради лошите резултати.

И самиот е шокиран од она што се случи на теренот кога Кристијано Роналдо при изведување на сободниот удар го сврте грбот.

„Не знам што се случи. Добро се знае кој стои во живиот ѕид, никогаш претходно се нема случено ова, никогаш немаат свртено грбот. Мислеа дека ударот е предалеку и дека немаат шанса за гол. Ова беше грешка која ретко се гледа“, коментираше Пирло.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk