logo
logo
logo

Пирло по катастрофата на Јуве: Не размислувам за оставка!

Vecer | 10.05.2021

Пирло по катастрофата на Јуве: Не размислувам за оставка!

Андреа Пирло ја прифати одговорноста по поразот од Милан (3-0) во дебито на колото во Серија А. Тој на прес-конференцијата изјави дека верувал во подобро издание на својот тим, кој не успеа да ја погоди мрежата на противникот.

„Тимот изгледаше добро минатата недела. Имавме вистински пристап, бевме уверени дека ќе одиграме одличен меч“, изјави Пирло по тешкиот пораз.

Тренерот на Јувентус нема намера да понуди оставка.

„Оставка? Нема да се откажам. Дојдов тука со голем ентузијазам и покрај потешкотиите. На располагање сум на клубот. Имаме уште три меча и ќе останам тука додека можам. Ако нешто не е во ред, целосно ја превземам одговорноста. Овој тим има одлични играчи и очигледно дека нешто не е во ред. Имав поинаков проект, работев на некој концепт, но морав да направам промени за да се прилагодам на нивните карактеристики“, истакна Пирло.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk