Тренерот на Милан, Стефано Пиоли имаше коментар за дуелот и поразот од Интер во градското дерби од 0:3.

Тој го пофали голманот на Интер, кој денеска го бранеше и невозможното.

„Нема филозофија. Примивме гол во 5. минута, и целиот концепт падна. Имавме некое темпо, но реализација немаше. Малку е до нас, но најмногу до голманот на Интер. Не е нормално она што Хандановиќ го правеше. Можеби ова му беше мечот на кариерата. Сега се вртиме кон следните натпревари. Не е ништо готово, нема да се предадеме“, рече Пиоли.

 

sportmedia.mk