logo
logo
logo

Пиоли: Се уште не сме го достигнале највисокото ниво

Vecer | 12.08.2022

Пиоли: Се уште не сме го достигнале највисокото ниво

Шампионот Милан ја почнува новата сезона против Удинезе (сабота, 18:30 часот), а тренерот Стефано Пиоли вели дека е задоволен од тоа како делува тимот, но исто така посочи дека голем дел од фудбалерите се уште не го достигнале нивото.

Милан е силен, но на теренот ќе се види дали сме посилни од минатата година. Видов во очите на играчите истиот дух и ова ми дава причини да размислувам позитивно. Никој од нас сè уште не го достигна своето максимално ниво.

Слушнав дека стадионот ќе биде полн што е фантастично. Мораме да го култивираме овој ентузијазам и да извлечеме енергија од тоа. Започнуваме од нула, но со јасна свест кои сме и што направивме“, рече специјалистот.

Новите играчи ми оставаат многу позитивен впечаток, сигурно го засиливме нападот. Ребиќ е добар, Жиру е подготвен за утре. Ќе недостасува Тонали, иако неговата состојба се подобрува “, рече тренерот.

Новакот Шарл де Кетелер веројатно ќе го започне натпреварот од клупата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk