logo
logo
logo

Пинтуро го освои големиот кристален глобус

Vecer | 20.03.2021

Пинтуро го освои големиот кристален глобус

Французинот Алексис Пинтуро е победник на денешниот велесламот и со тоа го обезбеди Големиот кристален глобус во светскиот куп сезонава. Французинот исто така е најдобар и во вееслаломската конкуренција.

Денеска тој за 20 стотинки беше подобар од хрватот Филип Зубчиќ кој исто така имаше некакви шанси за да го освои малиот кристален глобус во велеслалом но не му се „поклопија коцките“ додека пак последен на пиедесталот се искачи уште еден французин Метју Фаврие

Пинтуро не можеше да си додели сам себеси поубав подарок за неговиот 30. роденден кој го слави токму денеска. Неговиот најголем конкурент за освојувањето на големиот кристален глобус Марко Одермат од Швајцарија денеска тотално потфрли и беше само единаесетти.

Вкупен пласман светски куп:

  1. Алексис Пинтуро (Франција) 1200
  2. Марко Одермат (Швајцарија) 1093
  3. МАрко Шварц (Австрија) 774
  4. Лоик Мелард (Швајцарија) 760
  5. Филип Зубчиќ (Хрватска) 744

Конечен пласман велеслалом:

  1. Алексис Пинтуро (Франција) 700
  2. Марко Одермат (Швајцарија) 649
  3. Филип Зубчиќ (Хрватска) 606
  4. Лоик Мелард (Швајцарија) 393
  5. Метју Фаивре (Франција) 378

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk