logo
logo
logo

Пикси пред дуелот со Црна Гора: Се исплашив кога видов дека игра Савичевиќ

Vecer | 26.03.2023

Пикси пред дуелот со Црна Гора: Се исплашив кога видов дека игра Савичевиќ

Утре во 2.коло од квалификациите за ЕП ќе се соочат Црна Гора и Србија. Мечот се игра во Подгорица. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси прво зборуваше за односот со претседателот на ФС на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, а потоа се сврти и на мечот.
На мечот меѓу Бугарија и Црна Гора вниманието му го привлекло презимето Савичевиќ на теренот.
Кога видов дека игра Савичевиќ, се исплашив, помислив дека Дејо се вратил. Тогаш сфатив дека тоа е младиот играч Вукан“, се пошегува Пикси.

Го гледав нивниот меч со Бугарија. Нема тајни меѓу нас. Знам со што располага ривалот, знам дека ќе го нема повредениот Марко Јанковиќ кој е одличен играч. Црна Гора е добра и млада екипа која не смее да се потцени“, додаде српскиот селектор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk