logo
logo
logo

Пике: Не oстанав во Барса за да бидам втор или трет…

Vecer | 24.09.2021

Пике: Не oстанав во Барса за да бидам втор или трет…

Еден од поискусните фудбалери на Барселона Жерар Пике по ремито со Кадиз 0:0 му порача на Куман но и неговите соиграчи да си ја сфатат работата сериозно и да се потрудат да играат како му доликува на каталонскиот гигант затоа што секогаш целта е првото место.

Не останав во Барселона за да завршам втор или трет. Сакам да победам“, изјави Пике во врска со неодамнешните зборови на Куман кој уверуваше дека е неопходно да се смени курсот во однос на целите.

Поминавме бурни времиња со претседателска смена и тренери. Но играчите веслаат за секого. Ние не сме поделени на страни затоа што тоа никому не помага“, додаде централниот бек.

На неговите зборови се надоврска и Серхи Роберто.

Мораме да ги смениме батериите и да почнеме да победуваме. Треба да ја освоиме Ла Лига, не сум задоволен само ако завршиме во првата четвртина од табелата. Ние сме Барса. Имаме многу добра екипа за победа“, изјави Серхи.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk