Џерард Пике, стоперот на Барселона кој денеска не играше на Ел Класико, по мечот имаше што да му каже на судијата Хесус Хил Манцано.

Веројатно Пике се жалеше за онаа ситуација меѓу Менди и Братвајт, меѓутоа арбитарот му кажа дека ВАР кажал дека нема елементи за пенал.

Потоа му покажуваше на теренот за неколку ситуации, но Хил само со насмевка го проследи неговото обраќање.

sportmedia.mk