КОШАРКА

Петровски на клупата на Торус

Слободан Петровски од следната сезона ќе биде нов тренер на тимот на Торус, откако раководството на тимот реши да не го продолжи договорот со сегашниот тренер Марјан Лазовски.
Тимот од Кисела Вода сезонава стигна до четвртото место во домашното првенство, но во плејофот беше елиминиран со максимални 3:0 од шампионот Фени индустри. Убедливите порази од актуелниот првак беа една од причините поради кои челниците на Торус се решија за тренерска смена, па му соопштија на Лазовски дека ја прекинуваат соработката со него.
Според спортскиот директор на градежниците Гордан Петров, Петровски е идеалното решение за младиот тим на Торус кој и идната сезона ќе проба да им ги замрси сметките на фаворитите.
Петровски оваа сезона работи како координатор на младинските категории на МКФ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари