logo
logo
logo

Петра Влхова севкупна победничка во Светскиот куп

Vecer | 20.03.2021

Петра Влхова севкупна победничка во Светскиот куп

Петра Влхова е севкупна победничка во Светскиот куп во алпско скијање и стана првата скијачка од Словачка која стигнала до Големиот кристален глобус. Влхова денеска беше шеста на денешниот слалом во швајцарски Ленцерхајде.

На слаломската трка, претпоследна оваа сезона победи австриската скијачка Катарина Линсбергер. Микаела Шифрин беше втора, а Мишел Гисин трета.

Влхова собра доволно поени за да биде недостижна за конкурентите Лара Гут-Бехрами и Мишел Гисин кои завршија на второто односно третото место.

Во машка конкуренција Големиот кристален глобус го освои француската скијачка ѕвезда Алекси Пентиро.

Влхова сезонава го освои малиот кристален глобус во паралелно скијање, како и во слаломот. Утре се спушта завесата во Светскиот куп со велеслаломската трка во Ланцерхајде.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk