Лудост, наивност или некој друг погруб збор. Никако не може поинаку да се сфати петицијата во Франција на која се потпишале дури 250.000 лица, а со која се бара од УЕФА поништување на мечот со Швајцарија. Да потсетиме дека на тој осминафинален дуел “триколорите“ беа елиминирани на пенали од Швајцарците, и тоа по промашувањето на мега – ѕвездата Килијан Мбапе, односно по одбраната на швајцарскиот голман Зомер во последната, петта серија од пенал – рулетот.

Иницијаторите на оваа петиција сметаат дека Франција е оштетета, зошто при шутот на Мбапе, голманот Зомер не бил на гол – линијата, па така ги прекршил правилата.

sportmedia.mk