logo
logo
logo

Пет гола на Ристовска, но убедлив пораз на ЦСКА

Vecer | 03.04.2021

Пет гола на Ристовска, но убедлив пораз на ЦСКА

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и покрај фантастичното издание не успеа да му помогне на својот тим да дојде до победа на првата четвртфинална пресметка во Лигата на шампиони. ЦСКА Москва беше поразена на гостувањето кај ЧСМ Букурешт со 32-27.

Ова беше дуел кој беше решен уште по првото полувреме, гостинскиот состав имаше негатива од 20-12, во продолжение беше тешко да се стигне. Руската екипа во ниту еден момент не поведе на средбата, само во воведните минути беше изедначено, ЧСМ Букурешт го наметна својот ритам, кој беше недостижен за противникот.

Ристовска зад своето име запиша пет погодоци од седум обиди, но беше премалку за да се урне силниот состав на домашниот тим, каде Неагу имаше шест гола, еден помалку запишаа Цвијиќ и Дембеле.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk