logo
logo
logo

Пешевски со еден гол во поразот од Магдебург, кој ниже победи пред реваншот со Е. Пелистер

Vecer | 28.03.2021

Пешевски со еден гол во поразот од Магдебург, кој ниже победи пред реваншот со Е. Пелистер

Бундеслигашот Штутгарт влезе во серија од два порази во најсилната светска ракометна конкуренција, откако денеска на домашен терен претрпе пораз од екипата на Магдебург со 22:32.

Ова е втор пораз во низа за Штутгарт на нашиот репрезентативец Жарко Пешевски, откако минатото коло беа поразени на гостувањето кај Есен. Нашиот крилен напаѓач имаше скромен учинок на денешниот дуел постигнувајќи само еден гол од три обиди.

Магдебург ја продолжи фантастичната серија од 9 последователни победи во сите натпреварувања во пресрет на реваншот со нашиот Е. Пелистер во Евролигата во вторник во Германија. Мегдебург има голема предност од првиот меч во Битола кој го доби со 32:24.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk