logo
logo
logo

Пешевски: Мечевите со Данска се шанса да покажеме дека СП беше само една лоша епизода

Vecer | 10.03.2021

Пешевски: Мечевите со Данска се шанса да покажеме дека СП беше само една лоша епизода

Последниот кој се приклучи во стројот на Лазаров, интернационалецот Жарко Пешевски, не крие дека е малку чудно во соработката со човекот кој до вчера беше само негов соиграч на теренот. На последните тренинзи пред дуелотс о Данците, Пешевски вели дека ова е меч во кој треба да се обели образот по настапот на светското првенство.

„Играме двомеч против светскиот шампион. Нема потреба многу да се објаснува, која е Данска. Ние сме важни во овој двомеч, мора да покажеме дека настапот на СП не беше добро издание и да дадеме се од себе и на двата меча. Малку е чудно со Лазаров како селектор, бидејќи до вчера ни беше соиграч, но секако функционираме добро, а конекцијата ќе биде уште подобра“, вели нашиот кружен напаѓач.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk