logo
logo
logo

Периќ: Мора да го заборавиме поразот, нè чека најважниот дуел - против Вардар!

Vecer | 24.03.2021

Периќ: Мора да го заборавиме поразот, нè чека најважниот дуел - против Вардар!

Е.Пелистер полесно од очекувањата беше совладан од Магдебург во првата осминафинална пресметка во Европската лига. Бундес-лигашот на дело покажа зошто е голем фаворит, со две серии за кратко време ги реши битолчани, кои во ниту еден момент не беа рамноправен противник и покрај најавите на Жељко Бабиќ дека на домашен терен Е.Пелистер е силен.

По овој дуел, ракометарите мора да брзо да се соберат, во сабота (17 часот) му гостуваат на Вардар во првата пресметка оваа сезона. И двата тима се непоразени, па ќе биде интересно да се гледа овој дуел, особено по најавите од Битола дека титулата оваа година ќе се пресели токму кај нив.

„Првото полувреме ја направи таа разлика за противникот да извојува убедлива победа. Потфрливме во сите сегменти во првите триесет минути и во одбрана и во напад. Второто полувреме беше многу подобро, но не беше доволно за поволен резултат. Мораме што побрзо да го заборавиме овој пораз, затоа што в сабота нè чека за нас најважниот натпревар оваа сезона, против Вардар во Скопје“, изјави Периќ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk