logo
logo
logo

Периќ: Бодот е реален, мечот можеше да заврши поинаку!

Vecer | 01.12.2021

Периќ: Бодот е реален, мечот можеше да заврши поинаку!

Единствениот македонски преставник во Европска лига, Е.Пелистер со бод се враќа од гостувањето кај Спортинг Лисабон. Битолчани имаа шанси да дојдат до целиот плен, но примија два гола во последните две минути за 27-27.

На овој начин, „пелистерци“ ја продолжија серијата од четири меча без пораз, имаат две ремија и две победи во последните четири кола.

„Беше многу важно да не загубиме. Задоволен сум и сакам да им се заблагодарам на ракометарите. Се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила. Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелегентни. Целта ни е да биеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациони натпревари“, изјави тренерот на Е.Пелистер, Жељко Бабиќ.

Јосип Периќ, капитенот на битолскиот состав смета дека бодот е реален со оглед на тоа дека оваа средба можеше да заврши и поинаку.

„Ова беше физички многу тежок натпревар. Спортинг Лисабон има одлична одбрана и добро се подготвивме за неа. На крајот можеше секако да заврши, па мислам дека исходот по бод за двете екипи е реален и заслужен“.

Двата тима одново ќе ги одмерат силите, за една недела во Битола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk