logo
logo
logo

Перез спрема “галактичко“ лето: Халанд и Мбапе стануваат “кралеви“!

Vecer | 19.02.2021

Перез спрема “галактичко“ лето: Халанд и Мбапе стануваат “кралеви“!

Нема веќе дилеми. Флорентино Перез, барем според медиумите во Шпанија уште сега е спремем за фантастично трансфер лето. Имено, како што се најавува, Дон Флорентино сака со околу 250-300 милиони евра да направи фудбалски земјотрес. Во пакет да ги донесе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, и со тој напаѓачки тандем да владее во фудвалскиот свет во наредната деценија.

Се разбира дека тоа се многу пари во време на пандемијата, но претседателот на Реал Мадрид не би бил Перез ако нема план.

И тоа каков. Тој е подготвен да се раздели со Марсело, Иско, Бејл, Серхио Рамос, секако тука е и Јовиќ и уште некој, со цел да ослободи дел од клупскиот буџет како би ги донел овие двајца млади офанзивци, кои за година – две, после Роналдо и Меси, треба да бидат најдобрите во светот.

Тука е и Давид Алаба, иако се демантираше, се знае дека кога Перез некој играч ќе посака да го направи “крал“ тоа и ќе го стори.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk