logo
logo
logo

Перез нe се предава: Ако не успеа Супер лигата, имаме други проекти кои ќе успеат

Vecer | 22.04.2021

Перез нe се предава: Ако не успеа Супер лигата, имаме други проекти кои ќе успеат

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се појави во јавноста 24 часа откако планираното натпреварување наречено Супер лига доживеа целосно фијаско.

“Ноќта беше многу долга. Бевме онлајн до еден наутро. Работевме на овој проект со години и можеби не објаснивме сè како што треба, но тие дури и не ни дадоа шанса да објасниме. Јас сум тажен и разочаран. Вложивме три години во проектот Суперлига да се бориме против тешката економска состојба низ која поминуваме“, рече Перез во ноќното интервју.

Претседателот на Реал Мадрид е голем противник на сегашниот систем на натпреварување во Лигата на шампионите и смета дека е неинтересен.

„Актуелниот формат на Лигата на шампионите е застарен и интересен само од четвртфиналето. Постојат средби што апсолутно никој не ги гледа. Овие 12 екипи, минатата година изгубивме 650 милиони евра. Оваа сезона ќе изгубиме два или трипати повеќе. Овој формат очигледно не функционира. Домашните шампионати би останале недопирливи и само ситуацијата со Лигата на шампионите би се променила. Тоа ќе ни донесе многу повеќе пари за целата фудбалска индустрија“, тврди Перез.

Иако проектот за Суперлигата засега пропадна, Перез нема намера да се откаже.

„Ако овој проект не успееше, другите сигурно ќе успеат. Сите 12 клуба имаат потпишано договори и проектот е сосема изводлив без германски и француски клубови“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk