logo
logo
logo

Перез го најде наследникот на Зидан, тој доаѓа од Италија

Vecer | 18.05.2021

Перез го најде наследникот на Зидан, тој доаѓа од Италија

Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе го нашол наследникот на Зинедин Зидан на клупата на славниот клуб од Мадрид. Без разлика што ќе направат „кралевите“ до крајот на сезоната во Ла Лига францускиот стратег ќе си замине.

Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ Перез веќе има адут за наследник на Зидан. Тоа е италијанскиот тренер и поранешен стратег на Милан и Јувентус Масимилијано Алегри. Флорентино е спремен да му даде на Италијанецот двегодишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона. Исто така има опција за продолжување на истиот за уште една година во случај на добри резултати и трофеи.

Пред неколку денови и Раул беше споменуван за можен наследник на Зидан, но Перез нема доверба во поранешниот напаѓач, барем не во овој момент.

Алегри има добро педигре. Ја освојуваше Серија А со Милан и со Јувентус. Со „росонерите“ беше првак во 2010/11 со Јувентус освои пет титули во периодот од 2014 до 2019 и два пати играше финале во ЛШ во 2015 и 2017 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk