logo
logo
logo

Пепи Горгиев: За Силекс ова е најважниот меч сезонава!

Vecer | 11.04.2021

Пепи Горгиев: За Силекс ова е најважниот меч сезонава!

Рано попладнево од 13 часот во Кратово, домашниот Силекс го дочекува Вардар. Ова некогаш беше големо дерби, дерби кое решаваше за титулата, а сега решава за опстанокот. Веројатно поразениот од денешниот меч со една нога ќе биде во Втората лига.

За СПОРТМЕДИА, во пресрет на денешниот меч, свој коментар има голгетерот на кратовци Пепи Горгиев.

После пласманот во финалето во Купот, сега сите наши мисли се кон натпреварот со Вардар. За нас ова е најважниот меч сезонава, тука нема дилеми. Знаеме што треба да направиме, знаеме дека тие три бода секако дека ни се неопходни во битката за опстанок. Свесни сме дека само со максимално сериозен пристап на натпреварот можеме да го победиме денешниот ривал“ посочи Горгиев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk