Српскиот тенисер фатен во тесно

Пепе ја откри долгочуваната тајна на Ѓоковиќ!

Неговата најголема грешка е што играше без пауза девет години. Немаше ниту повреда поради која ќе одмореше. Тоа е навистина тешко. Сега поради оваа повреда, сакал или не, ќе мора да одмори и да ја врати свежината, изјави Пепе Имаз

Контроверзниот член од стручниот штаб на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Пепе Имаз, откри каква е соработката со поранешниот прв рекет во светот, неговата рехабилитација од повредата која го мачеше изминатиов период, како и подготовките на Србинот пред почетокот на новата сезона.

Излезе се добро на професионален и приватен план. Промени многу работи во себе, пред се има големо почитување кон секого и ги прифаќа реалните работи. Се обидува да ги врати работите во нормала. Тој со освојувањето на Ролан Гарос се засити, освои се што можеше... Но, ова се негови нови чекори. Сега е смирен. Му требаше паузата се со цел неговото тело малку да одмори од многу турнири, како и Олимписките игри... Неговата игра не личеше на стариот Ѓоковиќ, па затоа дојдоа и лошите резултати. Затоа сега живее со многу повеќе разбирање. Многумина ќе помислат: "Толку љубов во овој спорт, а губам. Но, победував многу години". Сега му е кристално јасна ситуацијата, учи од сопствените грешки. Неговата најголема грешка е што играше без пауза девет години. Немаше ниту повреда поради која ќе одмореше. Тоа е навистина тешко. Сега поради оваа повреда, сакал или не, ќе мора да одмори и да ја врати свежината, изјави Имаз.

Пепе откри дека српскиот ас ќе се врати на терените за првиот грен слем наредната сезона – Австалија опен, а воедно ја пофали и соработката на релација Ѓоковиќ – Андре Агаси.

Се уште не тренира со рекет, потполно е фокусиран на рехабилитација, пред се од физички аспект. Целта е да се врати на терените во јануари, кога на програмата е турнирот во Австралија. Што се однесува до неговата соработка со Агаси, имаат одлична комунукација. Сите сме среќни поради тоа и за мене е одлично што Агаси е тука. Јас и понатаму ќе ја имам истата улога во стручниот штаб, додаде Имаз.

Пепе во својата тренерска кариера соработуваше со големи тениски имиња како што се Фернандо Вердаско, Флавија Пенета, Даниела Хантухова и многу други. Неговата соработка со Ѓоковиќ започна пред седум години, кога го доби и прекарот "гуру".

Поврзани

Најнови вести

Коментари