logo
logo
logo

Пеп го сонува тандемот Меси – Халанд во нападот на Сити!

Vecer | 22.03.2021

Пеп го сонува тандемот Меси – Халанд во нападот на Сити!

Пеп Гвардиола оваа сезона со својот Манчестер Сити е многу блиску до враќање на титулата, по само една година пауза, во Премиер – лигата. Само чудо може да ги спречи “граѓаните“ да не го освојат шмпионскиот трон сезонава.

Сепак Пеп и раководството на клубот уште отсега прават планови за тоа како би изгледал тимот за наредната 2021/2022 сезона. И Шпанецот не крие дека го сонува тандемот Меси – Халанд во нападот на Сити.

Познато е дека на Меси во јуни му истекува договорот со Барселона и дека постои шанса тој да се пресели на „Етихад“. Додека за Халанд сега се “игра“ преку неговиот татко кој пред две децении играше за Сити.

Во случај овие две трансфер “бомби“ да се остварат, тогаш прашање е кој ќе го победи пеповиот Сити не само во Премиер – лигата, туку и во Европа воопшто.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk