Баерн Минхен е освојувач на светската титула откако во финалето на Светското клупско првенство во Катар ги совлада Тигрес со 1:0. Баварците стигнаа до шетиот трофеј во помалку од година дена.
Момците на Ханси Флик овој пехар го додадоа на оние од германското првенство, Лига на шампиони, германскиот Куп, германскиот и европскиот Суперкуп, нешто што до сега им успеало само на Барселона во 2009 година.
На својот некогашен тим неверојатниот успех им го честиташе Пеп Гвардиола кој го водеше Баерн од 2013 до 2016 година. Гвардиола испрати интересна честитка.
„Честитики за целото семејство на Баерн за овј одличен успех, а најмногу на Ханси и играчите. Горд сум на нив. Но, би сакал да му кажам на Ханси дека Баерн е втор тим кој освои шест титули во една година. Пред вас тоа го стори Барселона. Би можел да го повикам Меси и останатите и да се пресметаме за седмиот трофеј, а? Вие кажете кога и каде, ние ќе дојдеме“, порача тренерот на Сити.
#MiaSanMia ❤️ @PepTeam pic.twitter.com/Qd071AqQTb
— 🏆🏆🏆 FC Bayern 🏆🏆🏆 (@FCBayern) February 11, 2021
sportmedia.mk