logo
logo
logo

Пелистер моќно до „девет од девет“, Еуро Никел лесно со „штркчињата“

Vecer | 04.12.2021

Пелистер моќно до „девет од девет“, Еуро Никел лесно со „штркчињата“

Пелистер ја оправда улогата на фаворит против Ангели максимално. Кошаркарите на битолскиот тим како едвај да чекаа да заврши паузата, на гостувањето кај дебитантот славеа со убедливи 88-142 за девета победа во низа.

Избраниците на Марјан Илиевски мечот го решија по првото полувреме, поведоа со 44-69 , до крај рутински го приведоа мечот. Битолчани во сите четири периоди постигнаа над 30 поени, а додека шест играчи завршија со двоцифрен број на поени.

Лидер беше Малешевиќ со 33 поени и 9 скока, зад него беше Кесар со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока. Кај домашниот тим, Васар имаше 30 поени, додека Делоски 29.

Еуро Никел дојде до четвртата победа оваа сезона, на гостувањето кај МЗТ Скопје 2 славеше со 66-81. Домаќинот се носеше добро во првата четвртина (15-19), по што гостите чекор напред кон победата направија во вториот период, го добија со 12-27 и обезбедија позитива од 27-46.

Соколов и Џекиќ со по 16 поени беа први стрелци, кај МЗТ Скопје, Рансон имаше 20 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk