Очекувано, по елиминацијата во Купот на Македонија, Пелистер им се реваншираше на кошаркарите на Академија ФМП. На домашен терен на првата четвртфинална пресметка, битолчани славеа со 89-84 и поведоа со 1-0.

Пелистер мечот го доби благодарение на одличната игра во првото полувреме, имаа предност од 54-37. Но, кошаркарите на Академија ФМП не се предадоа, одиграа добро во третата четвртина добивајќи ја со 16-26.

Во последната четвртина сериозно се заканија на минута и пол до крајот дојдоа на 85-81. Стајиќ и Калахан постигнаа важни поени и ја потврдија победата.

Кесар и Калахан го имаат главниот збор, заедно постигнаа 43 поени, Крстајиќ со 31 поени беше убедливо најдобар на теренот, но тоа не беше доволно.

sportmedia.mk