logo
logo
logo

Пелистер и Силекс во битка за избегнување на бараж – зоната!

Vecer | 14.04.2021

Пелистер и Силекс во битка за избегнување на бараж – зоната!

Во рамките од 27.коло во ПМФЛ, денеска во Битола под “Тумбе Кафе“, се среќаваат Пелистер и Силекс. Два тима кои грчевито се обидуваат да побегнат од бараж – зоната. Битолчани се на 7.место со 32 бода, додека Силекс има три бода помалку и е на деветата позиција, која носи и пласман во баражот за опстанок.

Па така овој денешен меч е од голема важност за двете екипи.

Голманот на Пелистер, Давор Талески и офанзивниот играч за врска Валентин Кочоски, пред овој меч се оптимисти и веруваат во добар резултат на нивниот тим.

Очекувам позатворен натпревар за разлика од минатите два. И за нас и за нив ова ќе биде како бараж. На овој меч се “крши“ првенството за Пелистер и Силекс. Од првата минута треба да им дадеме до знаење на гостите дека нема што да бараат во Битола.Верувам во моите колеги, верувам во Пелистер дека можеме да ги освоиме трите бода“, изјави за клупскиот сајт Талески.

И Кочоски смета дека ова е како финале за Пелистер.

Минатиот меч со Работнички заврши лошо по нас. Овие мечеви, против директните ривали се како финале. Се освен пораз за нас ќе биде успех, доколу победиме тогаш тоа ќе биде екстра за нас“, посочи Кочоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk